Запалил сува трева на нива, пожарот ги зафатил и магацините на соседот

Непознато лице запалило сува треба на нива во скопското село Волково, но пожарот се прошил и ги зафатил и магацините на соседот. Како што информира полицијата во СВР Скопје било пријавено дека во село Волково, Скопско, околу 11:45 часот непознат сторител запалил сува трева од нива која се простирала на површина од околу 3 декари.
Огнот се проширил и зафатил ограда, надворешен тоалет и две магацински простории лоцирани во дворното место од куќата сопственост на А.М. (1969) од Скопје, како и парцела која била заградена со ограда. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарната заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
извор: Makfax

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.