Запленети над два тони кокаин на пристаништето во францускиот град Авр

Француската полиција откри и заплени голема пратка со повеќе од два тони кокаин во вредност од околу 130 милиони евра и уапси двајца мажи на пристаништето во францускиот град Авр – јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од полицијата.Агенциите забележуваат дека Франција и другите европски влади се обидуваат да ги ограничат активностите на бандитите за шверц на дрога и да спречат смртоносни престрелки меѓу нив.Минатата година ЕК започна кампања со учество на европските пристанишни власти за борба против шверцот на наркотици во големите градови со пристаништата.Новиот француски премиер Франсоа Бајру и министерот за внатрешни работи Бруно Риотајо ветија и построги мерки против нарко бандите и криминалот воопшто.– Со секој изминат ден ја засилуваме војната против трговијата со дрога, благодарение на исклучителната работа на нашите офицери – напиша Риотајо на социјалната платформа „Икс“ и честиташе на француската полиција за операцијата во Авр.

Пронајдете не на следниве мрежи: