Албанската полиција заплени 195 килограми дрога на само неколку километри од јужниот албански град Ѓирокастро, кој е во близина на границата со Грција, јави дописникот на Макфакс.
Дрогата од типот „марихуана” била запленета на патниот правец Ѓирокастро-Мемалијај. Во полициската акција е уапсен и возачот на моторното возило, инаку албански државјанин.
Според првичните информации, дрогата била наменета за грчкиот нарко пазар.
Албанската полиција заплени 195 килограми дрога на само неколку километри од јужниот албански град Ѓирокастро, кој е во бли