На граничниот премин Богородица, македонските царински службеници запленија 12,5 тони непријавено овошје и зеленчук, во вредност од 1,4 милиони денари, меѓу кои авокадо, чили пиперки, брокула, јагоди, киви и печурки.
Против лицето кое се обидело да го стори тоа е поднесена кривична пријава за „шверц“.
„Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зеленчук, со вкупна вредност од 1,4 милиони денари. При преглед на стока во транзит, откриени се 750 кг непријавена стока, меѓу кои над 3 тони авокадо, 2,5 тони чили пиперки, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки, кои не биле пријавени во царинската документација.
Непријавената стока, која осомничениот се обидел да ја шверцува, е конфискувана, а против него е поднесена кривична пријава од страна на Одделот за истраги за кривично дело „шверцување“, соопшти Царинската управа.
The post Запленети 12,5 тони овошје и зеленчук на граничниот премин Богородица appeared first on Во Центар.



