Жителите на Меделин, Колумбија секојдневно ги поздравува едно куче со неговата опашка носејќи кошница полна со намирници. Ерос е 8-годишно куче кое е обучено да ги доставува наминирниците кои луѓето ги порачуваат од локалниот мини маркет.
Запознајте го Ерос: Кучето кое доставува намирници на своите соседи
Кучето им помагало на локалните жители дури и пред пандемијата, а сега игра важна улога бидејќи им помага на неговото семејство и на жителите да држат растојание и да бидат безбедни.
Ерос веќе има запаметено имиња и локации на околу 5 лица низ градот. Кога ќе пристигне на вратата за благодарност тие му даваат храна и многу прегратки. Луѓето во кошницата што им ја носи освен храна, ќе најдат и потврда со која треба да ги платат наминирниците преку банкарски трансфер. Поради пандемијата и некои други кучиња започнале да го прават истото и носеле намирници за најблиските соседи кои се во самоизолација.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.