Запознајте ја оваа супер бабичка: Се вика Љубов и лизга по мраз цел живот

Дали можете со лизгалки да го поминете Бајкалското езеро? За оваа бабичка која живее на брегот на Бајкал тоа е вообичаено.
Љубов Морјеходова (72) го освои интернетот. Таа живее на брегот на Бајкалското езеро.
До некои места во зима може да стигне само по мраз, па цел живот лизга. Старинските лизгалки ги врзува за традиционалните чизми ваљенки.


„Овие мои лизгалки ги употребувам дури 43 години. Можете да замислите! Еве како некогаш ги правеа. Гледајте колку се издржливи“, вели таа, очигледно горда на чесните предци кои не знаеле за неквалитет, туку се што правеле, било да трае со децении.


Лизгањето на долги патеки не и е тешко. Љубов излегува на мразот и кога каменот пука од студ. Тоа вели, и ја ублажува болката во грбот.
Бабичката заслужува секаква почит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.