Запознајте ја Рени: Жената со најдолгите нозе во светот

Рени е жена родена во Монголија која е со несомнено импресивен раст, а нејзините нозе ја прават нејзината височина уште повеќе воодушевувачка. Тие се долги 134 цм.
Нејзините родители исто така имаат многу долги нозе. Таа вели дека била највисокото девојче во градинка и во училиште. Децата понекогаш правеле шеги, но таа научила да ја прифаќа својата оригиналност и да го сака своето тело. Рени споделува дека луѓето често гледаат во неа, но тоа веќе не ѝ претставувало проблем.
Рени се шегува дека има повеќе предности од останатите луѓе, бидејќи може да ги фати предметите на високите полици. Најголем проблем имала со чевлите и панталоните во Азија, но за среќа сега живее во Чикаго, па има многу избор за сите. Рени е висока, но таа ужива и во носење потпетици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.