Започна гласањето на претседателските избори во Русија, Путин има тројца противкандидати

Започна гласањето за претседателските избори во Русија. Своето право на глас први ќе го остварат жителите на Камчатка, каде избирачките места се веќе отворени – од 15 до 17 март ќе се гласа од 08:00 до 20:00 часот.

Централната изборна комисија регистрираше четворица претседателски кандидати: Николај Харитонов (Комунистичка партија), Леонид Слуцки (ЛДПР), Владислав Даванков (Нови луѓе) и Владимир Путин (независен кандидат). За изборите беа подготвени над 94.000 избирачки места, а беа испечатени 113,6 милиони гласачки ливчиња. Ќе може да се гласа по електронски пат, доколку избирачот претходно се пријавил во споменатиот систем.

Прелиминарните резултати од гласањето ЦИК ќе ги соопшти претпладнето на 18 март. Комисијата со првите резултати ќе излезе во 21:00 часот на 17 март.
Од 25 февруари до 14 март се гласаше на оддалечени и тешко достапни места, вклучително и на поларните станици и на бродовите на море. Русите во странство би можеле да го остварат своето право на глас во дипломатските претставништва. Гласањето се одвива на 288 избирачки места во 144 земји.

Пронајдете не на следниве мрежи: