ЗАПОЧНА ГОЛЕМА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА – АПИС

ЗАПОЧНА ГОЛЕМА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА – АПИС

АПЕКС МАКЕДОНИЈА ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 40.000 ЕВРА НА УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ И ФЕБРИЛНИ СОСТОЈБИ ВО СКОПЈЕ

Почитувани,

Справувајќи се со предизвиците наметнати од пандемијата на вирусот COVID-19и водејќи се од својата заложба за општествена одговорност, денес се реализираше првата од серијата донации за здравствените институции од страна на компаниите, членки на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС).

Компанијата АПЕКС Македонија донираше болнички кревети во износ од 20.000 евра на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, со што значајно ќе се подобрат здравствените услови во клиниката.

Поддржувањето на здравствените институции во ситуација на здравствена криза придонесува кон полесно пребродување на одредени предизвици и создавање на хумани услови за пациентите. Она што не обедини беше нашето здравје, здравјето на нашите блиски, а преку тоа и здравјето на целото општество.

Циклусот донации на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија, чија вкупна сума изнесува 200.000,00 евра, продолжуваат во наредниот период, а ќе бидат донирани болнички кревети и дезинфикциони средства на други болници кои се вклучени во борбата против новиот коронавирус, COVID-19.

Со почит,

АПЕКС МАКЕДОНИЈА, ЧЛЕНКА НА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА – АПИС

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.