Локалните власти на регионот Харков наредија задолжителна евакуација на градот Купјанск и околните области поради интензивното руско гранатирање.
Украинските сили ја вратија контролата над Купјанск во септември минатата година, а сега Русија се обидува повторно да го заземе тој град.
„Имајќи го предвид постојаното гранатирање и безбедносната ситуација во областа на округот Купјанск, утврдивме задолжителна евакуација“, се вели во соопштението.
Во последните недели, руските сили ги интензивираа обидите да ги пробијат линиите на украинскиот фронт источно од реката Оскил и ги засилија воздушните и артилериските напади.
Во текот на претходните денови, во битките во правец на Купјанск, напаѓачките групи на руската 6-та комбинирана армија на Западниот воен округ зазедоа пет упоришта, четири набљудувачки пунктови и го поразија пешадискиот вод на Украина во областа Олшан.
Да потсетиме дека портпаролот на Источната група на вооружените сили на Украина, Серхи Черевати, минатиот месец изјави дека Руската Федерација концентрирала големи сили во областите на Купјанск и Лиман.
Според него, групата има повеќе од 100.000 војници, 900 тенкови и 370 повеќекратни ракетни системи за лансирање (MLRS).
- Моментално на патот Лимано-Купјан е сконцентрирана многу моќна групација. Повеќе од 100.000 војници, повеќе од 900 тенкови и 370 MLRS – нагласи тогаш Цереватиј.