Започна изборот на претседател на Италија

Италијанскиот парламент ја започна во четвртокот постапката за избор на новиот претседател на Републиката, што може да трае со денови и да предизвика поделба во левиот блок кој не е единствен во поддршката за Франко Марини, кандидатот за функцијата кој го предложи лидерот на левата коалиција, Пјерлуиџи Берсани.Изборот за наследник на 88-годишниот Џорџо Наполитано на кој мандатот му истекнува на 15-ти мај се смета за важен чекор за пронаоѓање излез од политичката криза којашто безмалку два месеца ја блокира Италија по парламентарните избори одржани на 24-ти и 25-ти мај кои не донесоа јасен политички победник поради што сé уште не е формирана новата влада на земјата.Претседателот на Италијанската Република се избира со гласовите на 1,007-те ткн „големи избирачи“, пратениците во долниот дом и сенаторите (пратениците во горниот дом од италијанскиот парламент – Сенатот), како и со гласовите 58 пратеници од регионите.Лидерот на левата коалиција Пјерлуиџи Берсани за претседателски кандидат го предложи поранешниот претседател на Сенатот, 80-годишниот Франко Марини, истакнат католик и поранешен челник на умерениот синдикат CUSL, настојува да добие широка поддршка во парламент. Берсани смета дека Марини ќе биде прифатлив и за десниот центар кој го води поранешниот премиер Силвио Берлускони, како и за премиерот во оставка на технократската влада, Марио Монти.Меѓутоа, кандидирањето на Марини предизвика поделби токму во Демократската партија (PD) на Берсани и отворен бунт од страна на противкандидатот на Марини, Матео Ренцо. Градоначалникот на Фиренца, 38-годишниот Ренци тврди дека 80-годишниот Марини е „кандидат од минатиот век“, личност без харизма и без меѓународно реноме.Италијанската јавност стравува дека изборот на претседателот на Републиката може да го повтори катастрофалното сценариото со парламентарните избори на кои левиот центар доби апсолутно мнозинство во долниот дом, но не го освои и горниот дом на парламентот – Сенатот, кој, исто така, е поделен на три блока:  на лев предводен од Пјерлуиџи Берсани, десен воден од Силвио Берлусконии Движењето 5 ѕвезди на поранешниот сатиричар Бепе Грило, кое поединечно е најсилната политичка партија со освоени четвртина од гласовите на избирачите од парламентарните избори кон крајот на февруари.Берсани повеќепати ги одбиваше понудите на Берлускони да состават влада на широка коалиција. Ренци, пак, сега тврди дека Марини е предложен само за да биде поприфатлив токму за Берлускони.Италијанските политички партии треба да прифатат и да поддржат кандидат кој би бил прифатлив и за левицата и за десницата и за Движењето 5 ѕвезди, а таа личност би требало да има и помирлив пристап кон 76-годишниот Берлускони, кој е заглавен во низа судски процеси поради наводни корупции, секс со малолетничка, идејќи само шефот ан државата има овластување да го помилува.Италијанскиот апелационен суд во Милано, дири во четвртокот го одложи закажаното рочиште на едно од судењето на Берлускони, за тој да може да учествува во изборот на претседателот на Републиката во Рим, јавува агенцијата ANSA.Компромисот при избор на шефот на државата би можело да му помогне на Берсани да состави малцинска влада на којашто десницата не би и’ објавила отворена војна уште при првото гласање во парламентот, смета коментаторот на AFP.Дури 90 од 430 пратеници на Демократската партија се изјасниле против Марини на партискиот состанок доцна вечерта во средата, пишува во четвртокот Reuters. Тоа, пак, значи дека дури и со гласовите на пратениците на Берлускони, не е извесно дека Марини е добие двотретинска поддршка неопходна за победа во трите круга од гласањето во парламентот. „Демократската партија е раздробена, таа веќе воопшто не постои“, тврди во изјавата Реното Брунета, претседател на пратеничката група на партијата на Берлускони – Народ на слободата (PdL).Ситуацијата е комплицирана дури и за италијанските стандарди, коментира Reuters, нагласувајќи дека во средата пратениците на Движењето 5 ѕвезди, коешто себе се декларира како анти-партија, го предложил својот кандидат Сетефано Родото, академик кој е неприфатлив за Берлускони, но кого би го поддржало мнозинството од левиот блок.Италијанските аналитичари предвидуваат гласање во два круга секој ден. За избор неопходно е двотретинско мнозинство или 672 гласови од 1.007-те електори во првите три круга, додека во четвртиот круг доволно е и просто мнозинство. Левиот блок на Берсани го мнозинството и оттаму најголемиот број електори – 430, па следува десниот блок на Берлускони со 211 и  Движењето 5 ѕвезди со 162 електора.
МакфаксИталијанскиот парламент ја започна во четвртокот постапката за избор на новиот претседател на Републиката, што може да

Пронајдете не на следниве мрежи: