Започна разрешувањето на Катица Јанева

По само еден час заседавање Советот на јавни обвинтили едногласно одлучи дека постојат законски основи за разшреување на Катица Јанева поради нестручно и несовесно рботење. Сите документи кои се поврзани со истрагата Рекет, но и причините поради кои што членовите на советот на јавните обивинители семетаат дека треба да биде разрешена Јанева пред истекот на нејзиниот мандат ќе бидат адресирани до Собранието.
– „Советот, откако сите членови изнесоа анализа за состојбите по списите во истражниот предмет за организиран криминал кој се однесува на постапувањето на обвинителката Јанева во предметот „Империја“ на СЈО, едногласно одлучи дека се исполнети услови за да започне постапка за разрешување на јавната обвинителка Катица Јанева. За тоа да го направиме Советот треба да изготви извештај со утврдена фактичка состојба и да го достави до Собранието“ – изјави по седницата претседателот на Советот на ЈО.


Претседателот на советот на јавни обвинители вели дека доколку започнатата постапка за разрешување на Јанева продолжи и со предлог за разрешување од Собранието и заврши со финална одлука на Советот, има законска опција за поставување ВД шеф на Специјалното јавно обвинителство, но сепак потенцира дека предуслов за тоа е Јанева да биде разрешена.
„Ако се разреши така и јас истото го викам… Во член 18, став 4, од Законот за јавното обвинителство, се повикуваа на начинот на кој беше поставен В.Д. кога Марко Зврлевски беше разрешен, таму стои многу прецизно во законот, доколку на јавниот обвинител на Република Македонија функцијата му престане или биде разрешен тогаш Советот од редот на обвинителите во јавното на Македонија определува еден обвинител кој ќе биде, овде немаме таква ситуација, не е разрешена, многу е едноставна работата“ – Коле Штериев – Претседател на Совет на јавни обвинители.
Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски пак вели дека без одлука на Собранието, Советот на јавни обвинители не може да назначи ВД шеф на СЈО. Димовски вели дека штом извештајот стигне до Собранието тој ќе свика седница на Комисијата. Дополнително вели дека нема обврска да го чека исходот дали ќе се гласа законот со кој треба да се реши судбината на СЈО, затоа што законот за СЈО е се уште на сила.


– „Не може, ниту смее да се прескокнат, односно ниту да се разреши СЈО, ниту да се назначи вршител на функцијата СЈО без овие две инстанци во постапката. Советот на јавни обвинители во постапката за избор и назначување на СЈО може да постапува само по предлог на Собранието, претходно утврден од Комисијата за избори и именувања, а изгласан со двотретинско и Бадинтерово мнозинство. Советот на јавни обвинители во постапката за разрешување може да постапува само како предлагач, односно да достави Извештај до Собранието за утврдено незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата во СЈО. Конечната одлука во оваа постапка ја носи Собранието на Република Македонија. Сѐ друго е надвор од законите“ – Илија Димовски – Претседател на Комисија за избори и именувања.
Јанева која веќе неколку дена е во притвторот во Шутка поради сомненија за злоупотреба на службената должност и овластувања во случајот Рекет ќе земе плата за месец август, потврдуваат од СЈО, но од септември нема веќе да добива 300 евра за кирија и за сметки кои досега и следеа на товар на државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.