Започна 62-от ‘Ол Стар’ викенд

Со натпреварот во кој играа „Ѕвездите што доаѓаат“, во Хјустон започна 62-от НБА викенд на сите ѕвезди.

Легендарните Шекил О’Нил и Чарлс Баркли, втора година по ред ги избираа екипите на Источната и Западната конференција, кои беа составени од тимовите кои ја играат првата или втората сезона во НБА лигата. Победа на овој натпревар со 163:135 забележа екипата којашто ја избра Чарлс Баркли. Натпреварот мина во знакот на играчот на Денвер Нагетс, Кенет Фарид, кој својата екипа ја предводеше до победата со двоен ефект од 40 поени и 10 скокови. Фарид од игра погоди 18 од 22-та обиди што заслужено му ја донесе титулата најкорисен играч на овој натпревар.Кошаркарот на Денвер на „Ол Стар“ викендот ќе се бори за титулата и на натпреварот во забивање. Покрај Фарид, во екипата на Чарлс Баркли се истакнаа и Кавај Леонард од Сан Антонио (20 поени), Тристан Томпсон од Кливленд (20 поени и 10 скокови) и Ајзеја Томас од Сакраменто (18 поени и 10 асистенции). Екипата на Шекил О’Нил ја предводеше Карји Ирвинг од Кливеленд со 32 поени и по шест скока и асистенции.
Макфакс
Со натпреварот во кој играа „Ѕвездите што доаѓаат“, во Хјустон започна 62-от НБА в

Пронајдете не на следниве мрежи: