Започнете го денот со банана и чаша топла вода – оваа комбинација прави чуда на празен желудник

Бананата е полна со витамини, минерали, влакна и други хранливи состојки за нашиот организам. Таа е вистинска енергетска бомба бидејќи нѝ ја дава сета потребна енергија за извршување на секојдневните активности.
Но, знаете ли што се случува ако изедете една банана наутро на празен желудник во комбинација со чаша топла вода?


Тогаш нејзините “супермоќи” значително растат. Освен што бананата е здрава (го контролира крвниот притисок, хранлива е, ги зајакнува коските и помага во превенција на рак), консумирањето со чаша топла вода помага полесно да се ослободите од вишокот килограми.
На тој начин бананата го забрзува метаболизмот и ја поттикнува дигестијата. Топлата вода (не мора да биде многу топла, отприлика како телесната температура) помага влакната од ова овошје побрзо да се дигестираат. Освен тоа, бананата дава чувство на ситост по кое нема брзо да огладнете, а ја спречува и апсорбцијата на јаглехидрати што е од пресудна важност кај согорувањето на масти.
Важно е полека да ја јадете бананата и полека да пиете вода, а најмалку половина час потоа да не јадете ништо друго.
Доколку го комбинирате овој прв оброк со здрава исхрана преку другите оброци, умерено вежбате и уште поумерено внесувате алкохол, многу брзо ќе забележите резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.