Започнете го денот со чаша топла вода и банана

Бананата е богата со минерали, витамини, влакна и други хранливи состојки и е вистинска енергетска бомба за нашиот организам, бидејќи ја дава сета потреба енергија за вршење на секојдневните активности.
Но, дали знаете што ќе се случи ако изедете банана наутро на празен желудник во комбинација со чаша топла вода?


Освен што бананата е здрава, консумирањето со чаша топла вода може да помогне полесно да ги изгубите килограмите. На тој начин бананата го забрзува метаболизмот. Топлата вода помага влакната од овошјето полесно да се сварат. Доколку го комбинирате првиот оброк со здрава исхрана, умерено вежбајте и уште поумерено консумирајте алкохол, па брзо ќе ги видите резултатите.
Покрај тоа, бананата и пиењето топла вода даваат чувство на ситост па сигурно нема брзо да огладнете, а спречуваат и апсорпција на јаглени хидрати, што е од пресудна важност кај согорувањето на масти.
Важно е да ја јадете бананата и водата да ја пиете полека, најмалку половина час потоа да не јадете ништо друго.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.