Во пресрет на летото и летните одмори, во Рамстор Мол започнуваат Денови на книгата.
Рамстор Мол во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го
организираат овој настан на кој ќе земат учество голем број на македонски издавачки
куќи и книжарници, меѓу кои: Издавачки Центар ТРИ, Арс Ламина, Антолог, Издавачката
куќа Полица, Култура, Сакам Книги, Топер, Бата прес, Едука Мак, Мартина, Паблишер,
Икона и Просветно дело.
Книги од домашни и странски автори, стручна, научна и белетристичка литература, книги
за деца и млади– сето ова ќе биде достапно на Денови на книгата во Рамстор Мол.
Согласно протоколите за спречување на ширење на коронавирусот во Рамстор Мол ќе
бидат обезбедени сите безбедносни мерки со кои сите учесници и купувачи ќе можат
безбедно да уживуваат во шопинг искуството.
Дочекајте го летото со добра книга!