Започнува имплементацијата на EES системот за влез во земјите од ЕУ, кој важи и за граѓаните на Македонија

Од денес, 10 април, Европската Унија официјално започнува со целосна имплементација на Системот за влез/излез (EES) – новиот дигитален систем за регистрација и контрола на влезот и излезот на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ.

Новиот метод на гранична контрола важи и за граѓаните на Северна Македонија и целосно ја заменува претходната практика на рачно печатирање на пасошите со електронски и биометриски податоци.

Системот, кој се имплементира постепено и во фази, автоматски ќе го евидентира времето и местото на влез и излез, должината на престојот, како и секоја можна забрана за влез во земјите од ЕУ. Целта е да се зголеми безбедноста и поефикасна контрола на надворешните граници на Унијата.

EES е централен и автоматизиран ИТ систем на Европската Унија, наменет за модернизација на граничните контроли за граѓани од земји кои не се членки на ЕУ кои влегуваат во Шенген-зоната за краткорочен престој до 90 дена во период од 180 дена.

Системот овозможува електронско евидентирање на датумот и местото на влез и излез, обработка на биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), подобра проверка на почитувањето на правилата за престој, зголемена безбедност и намалени злоупотреби.
The post Започнува имплементацијата на EES системот за влез во земјите од ЕУ, кој важи и за граѓаните на Македонија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: