Македонија денеска го започнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24 насловен “Правда, слобода и безбедност“. Делегацијата во Брисел ја предводи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во својство на главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ.
Како што информираат од неговиот кабинет за време на посетата Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ). На брифингот ќе биде претставен и Планот 18, а вицепремиерот ќе оствари и работна средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
Посетата ќе трае три дена, а експертски тимови ќе ги чешлаат седумдесетте страници од европското законодавство посветени на овие теми. Дипломатски извори за МИА објаснуваат дека станува збор за обемна област, во која се дискутираат низа различни теми, како азил, миграција, и бројни граѓански и кривични материи.
До крајот на годинава треба да се одржат ушти три скрининг состаноци за поглавјата 3 (слобода на услуги), 5 (јавни набавки) и 32 (финансиска контрола).