Започнува! Ултиматумот истече, Нигер е подготвен за инвазија! Затворен е воздушниот простор, светот трепери и ги чека вестите!

Воената хунта во Нигер објави дека, како што е наведено, „странска земја“ се подготвува да изврши инвазија на нејзина територија, без да прецизира за која земја се работи, пренесува ТВ каналот Ал Арабија.

Украина го поздрави нападот со автомобил-бомба во кој загина функционер во руската нуклеарна централа
Висок припадник на безбедносниот персонал на нуклеарната централа Запорожје – најголемиот таков …
Синоптичарите со вонредни најави за времето, дождот почна – Метеоцентар со детална прогноза
Под влијание на циклонска активност денес и во деновите од викендот времето …

Тие најавија и затворање на воздушниот простор на земјата поради ултиматумот на Економската заедница на западноафриканските нации (ECOWAS), кој истече вчера.

Започнува! Ултиматумот истече, Нигер е подготвен за инвазија! Затворен е воздушниот простор, светот трепери и ги чека вестите!

Претходно, ECOWAS даде рок од една недела за соборениот претседател Мохамед Базум да се врати на власт во Нигер, во спротивно најави дека ќе употреби сила за да го врати уставниот поредок.

Истовремено, западните медиуми објавија дека веќе е развиен план за можна воена интервенција во Нигер. ЕКОВАС претходно соопшти дека ќе ја прекине финансиската помош за Нигер, ќе воведе забрана за патување и ќе ги замрзне средствата на учесниците во пучот, нивните семејства и секој што ќе се согласи да „учествува во институциите“ формирани од бунтовничката армија.

Исто така, границите беа затворени, а комерцијалните и финансиските трансакции меѓу земјите на Заедницата и Нигер беа суспендирани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.