
Иако светските медиуми ја објавија веста уште пред три дена, сепак, еден ден подоцна беше откриено кои се среќните младенци. Се работи за чешкиот милионер Милош Кент, кој има 65 години и 25-годишната Португалка, Маргарита Арана.
Тие учествувале на ријалити шоу за запознавање осамени двојки и во април се запознале. Потоа заминале на луксузен одмор во Тајланд, а Кент бил и во Португалија за да се запознае со родителите на избраничката.