Мел Блу успеала во првата година од својот приватен бизнис да заработи три милиони долари. Таа почнала да креира и да продава шминка наречена “Unicorn Cosmetics” која се состои од четки и сунѓери во облик на еднорог, со бои кои го карактеризираат ова измислено суштество.
Иако нејзината работа цветала, таа вели дека горко се кае за одредени одлуки.
“Тоа беше луда година. Толкав успех никој не можеше да очекува. Навистина успеавме да го размрдаме пазарот кој беше многу здодевен”, раскажала Мел која пред ова искуство не знаела како да води приватен бизнис.
Проучувајќи го пазарот, таа воочила голем интерес за еднорози и сирени и тоа ѝ била нејзината идеја водилка. Во 2016 година, таа ја отпочнала својата авантура.
“Неколку атрактивни фотографии на Фејсбук во тој момент беа доволни за да стекнам 75 илјади следбеници. Започна интересот и брендот беше промовиран во октомври таа година. Почнаа да се прават листи на чекање, а мојот дом беше една фабрика. Започна да ми исчезнува простор за живот бидејќи целиот дом ми беше преполн со кутии”, признала Блу која вели дека таа го отпочнала овој тренд на луди четкички и палети во разни бои.
Горда на својот бизнис, она што таа го заборавила ѝ се одбило од глава. Таа не ни претпоставила на опасноста дека некој ќе ја копира и ќе ги лажира нејзините идеи. Кога пристигнал успехот, пристигнале и проблемите. Имено, многу произведувачи ја презеле нејзината идеја и ја продавале под свое име, а Мел не можела ништо да направи бидејќи не го заштитила својот патент.
“Бев наивна, признавам. Ми беше тешко бидејќи емотивно се врзав и морав да прифатам дека работата е работа и дека тука нема место за емоции и врзување. На почетокот сè сфаќав лично”, признала таа.