Заради доаѓањето на папата ќе биде затворени и скопскиот аеродром и автопатот

Во вторник по повод посетата на папата Франциск, на неколку часа ќе биде затворен и скопскиот аеродром.
Заради посетата на папата Франциск на нашава земја, на 7-ми мај 2019 година и регулираниот сообраќај на патните правци до и од Меѓународниот Аеродром Скопје согласно информациите објавени на веб-страницатаhttps://papa.mk, ги информираме сите патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот Аеродром Скопје на 7-ми мај, дека ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот, бидејќи од 07:30 часот до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, додека оние патници кои ќе имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај. За сите детали во врска со режимот на сообраќај од Аеродромот до Градот Скопје и евентуални измени, Ве молиме проверете ја веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/ и контактирајте ги релевантните државни институции, соопштуваат од скопскиот аеродром.
– Во врска со редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од Градот Скопје до Меѓународниот Аеродром Скопје и во обратната насока, со официјалниот превозник “Манора“, на 7-ми мај, временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 08:30 часот поаѓа од Аеродромот кон Скопје, која што на 7-ми мај ќе тргне половина час подоцна. За сите информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до Аеродромот, Ве молиме проверете на веб-страницата на Манора: https://www.manoragroup.com/en“ велат отаму.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.