Заради закана од бомба авион принудно слета во Романија 

Авион на компанијата „Визер“, кој летал од Грузија кон Полска, бил принуден да слета на аеродромот во Букурешт поради закана од бомба, соопштија романските власти. Авионот “Ербас А320“ на линијата Кутаиси-Варшава безбедно слетал, откако бил пренасочен кон Романија.
Портпаролот на Меѓународниот аеродром, Валентик Јордаке изјавил дека откако 173-та патници го напуштиле авионот тој е однесен на изолирана локација на пистата каде е извршен претрес и скенирање на багажот. Инаку заканата за бомба била добиена телефонски од женски глас.
Пет часа подоцна откако романските власти го завршија претресот авионот полета кон Варшава.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: