Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Кичево, Битола, Павлешници, Смојмирово и Делчево, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат”.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат” апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот./МИА