Дерматолог открива кога е најдобро да нанесете дезодоранс за да има ефект!
Имено, многу дезодоранси се нанесуваат на кожата наутро, за да се заштити од потење во текот на денот, но дерматологот вели дека тоа е грешка.
„Треба да го нанесете антиперспирантот на вашата кожа навечер, пред да си легнете. Ова му дава на антиперспирантот време потребно да се „активира““, вели дерматологот Луси Фадул.
„Кога спиете, потните жлезди се помалку активни, а телото одмара. Ова се идеални услови за дезодорансот да си ја заврши работата“, додала таа.
Пред да нанесете дезодоранс, важно е кожата под пазувите да биде чиста и сува.
Дополнително, д-р Фадул предупредува дека употребата на дезодоранси и антиперспиранти во исто време ги спречува овие производи ефикасно да го намалат потењето и мирисот.
„Потребно е време на антиперспирантот да се активира на кожата без да делуваат влага, пот, сапун или остатоци од дезодоранси“, вели таа, додавајќи дека најдобро е да се нанесува навечер, после туширање.
„Оставете го антиперспирантот да се активира и да се исуши околу два до три часа пред да го нанесете дезодорансот.