Заради падот на авионот на “Етиопиан Ерлајнс“-прва тужба против компанијата „Боинг“

Денес во американскиот Федералниот суд е поднесена првата тужба против компанијата “Боинг“, заради падот на авионот на „Етиопиан Ерлајнс“ на 10 март годинава. Во авионската несреќа загинаа 157 лица, а авионот се урна веднаш по полетувањето од Адис Абеба.
Тужбата до Федералниот суд во Чикаго ја поднесе семејството на Џексон Мусони, државјанин на Руанда. “Боинг“, кој произведува авиони од типот 737, имал неисправен дизајн на автоматизираниот систем на контролата на летот, наведено е во тужбата. Засега од компанијата нема никакви изјави во врска со тужбата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: