Заради поседување кокаин приведена скопјанка

Во угостителски објект покрај автопатот Гостивар-Тетово, во непосредна близина на Неготинска клучка, околу 03:00 часот по полноќ била спроведена акциска контрола при што полициски службеници ја лишиле од слобода Р.Е.(29) од Скопје.
Денес МВР соопшти дека при преглед кај неа бил пронајден кокаин, заради што била задржана во полициската станица Гостивар. По целосното документирање на случајот, против Р.Е. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи: