Заради предизборна кампања за претседателски избори Парламентот нема да работи од 1 април

Собранието на Република Северна Македонија нема да работи од 1 април кога почнува предизборната кампања за претседателските избори. Претседателот Талат Џафери вели дека е вообичаена пракса Собранието да не заседава во тој период, но остава можност да свика седница доколку се јави неодложна потреба.
На денешната средба со медиумите тој истакна дека доколку во вториот изборен круг нема цензус и не биде избран нов претседател на државата, по Уставот претседателот на Собранието ја врши должноста во период од најмногу шест месеци. Во меѓувреме, рече Џафери, се повторува постапката за избор на претседател на државата, односно се распишуваат нови избори.
Овој случај е предвиден во Уставот, како што е предвидено и што се случува доколку по било кој основ претседателот на државата да е спречен да ја извршува функцијата. Двата случаи се регулирани со членовите 81 и 82 од Уставот, потенцира претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.