Заради снегот хаос во сообраќајот во Белград

Дел од јавниот превоз кој утрово тргна по своите линии, остана заглавен на некои улици во Белград. Заради снегот кој почна да паѓа и се задржува на коловозите и понатаму не сообраќаат, па патниците  продолжуваат пешки до своите одредишта.
Од Градското сообраќајно претпријатие за “Бета“ велат дека состојбата во Белград е катастрофална и дека автобускиот сообраќај е во прекин во неколку населби. Сите комунални служби се подготвени за најавените снежни врнежи, а во чистењето на снегот ќе бидат ангажирани околу 1.000 луѓе, изјави градоначалникот на Белград, Зоран Радојчиќ.
Според него обично се комплицирани првите часови по паѓањето на снегот, но очекува дека за кусо време градот ќе биде исчистен и функционален. Исто така градоначалникот ги замоли граѓаните да ги исчистат приодите пред своите домови и канцеларии.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.