Утрово тешка сообраќајка ја разбуди Македонија. Во 07:15 часот, според податоците на Автомото сојузот на Македонија, се случила несреќа на патот Штип-Радовиш. Заради несреќата во прекин е патот во двата правци, а засега нема податоци за тоа како дошло до несреќата, и дали има жртви или повредени. Се очекуваат детали.


