Заразената директорка Цаца Билјановска има основа да одговара и кривично

Директорката на Клиниката за кожни болести, д-р Нина Цаца Билјановска, назначена од СДСМ на оваа позиција има основа да одговара и кривично за загрозување на здравје и заразни болести.
Министерот за здравство, Венко Филипче, изрази огромна разочараност поради непочитување на апелот за самоизолација по пристигнување од ризичен регион. Рече дека ќе бидат преземени мерки за сите кај кои ќе биде утврдено дека го загрозиле јавното здравје.
Таа е четвртиот пациент заразен со коронавирус во Македонија.


Министерот Филипче рече дека таа се однесувала неодоговорно, била во ризично подррачје, во Италија и не ги следела протоколите. По враќање од Италија не била дома во изолација, туку одела на работа пет дена.
Во меѓувреме одржала и предавање на кое имало стотина лекари.
Во Кривичниот законик, во делот кривични дела против здравјето на луѓето, во член 205 кој се однесува на пренесување заразна болест пишува:
-Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.