Лиза Кудроу го прослави роденденот, а колегите од „Пријатели“ јавно и го честитаа специјалниот ден.Актерката Лиза Кудроу вчера го прослави својот 61 роденден, а нејзините пријатели и колеги од хит серијата „Пријатели“ и испратија јавна честитка.Станува збор за Џенифер Анистон и Кортни Кокс , кои ги израдуваа Лиза и нејзините обожаватели со својата честитка.„Среќен роденден на оваа Супержена. Те сакам“, напиша Џенифер на една приказна на Инстаграм каде објави сцена од „Пријатели“ во која Лиза носи костим за Супержена.Исто така, Кортни сподели постара фотографија од Лиза и неа.„Среќен роденден, не можам да те сакам повеќе од ова“, рече таа.Инаку, Лиза Кудроу е американска актерка, комичарка, писателка и продуцентка, најпозната по улогата на Фиби Бафај во популарниот телевизиски ситком „Пријатели“, кој се емитуваше од 1994 до 2004 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: