Засега нема да се продолжува работното време на угостителите, но ќе има финансиска поддршка

Вкупно три од пет барања на Независната угостителска комора се прифатени од Владата по денешната средба со вицепремиерот Битиќи.
„Разговаравме речиси два часа. Имаше дискусии и појаснувања околу нашите барања, како и презентација на пакетот мерки што го спрема Владата. Од нашите пет барања, трите се речиси во целост исполнети, четвртото барање останува да се доработи, а во однос на петтото немаше дискусија. Најверојатно месец јануари на некој начин е изгубен во однос на субвенцијата за плати, но државата работи и вложува напори како да ги надомести во наредниот период“, истакна Здравко Јосифовски од НУК.

На средбата не станало збор за продолжување на работното време. Но угостителите го повториле барањето за изготвување на унифицирани протоколи за работа на сите угостителски објекти.
Од кабинетот на вицепремиерот Битиќи велат дека уште од самиот почеток на пандемијата Владата го детектирала угостителскиот сектор како еден од најпогодените. Токму затоа угостителите добиле поддршка.
Пред донесување на петтиот пакет мерки се очекува уште една средба со вицепремиерот. На неа треба да присуствуваат и здруженијата кои ги претставуваат големите ресторани за прослави како и ноќните клубови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.