Засилена контрола на сообраќајната полиција

Како што информираше денес МВР Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера во периодот од 06.00 до 22 часот спроведе засилена контрола на брзината на движење на моторни возила. Во акциската контрола преземени се 90 мерки и санкционирани се 79 возачи кои ја пречекориле брзината во населено место. Издадени се 75 платни налози, четири прекршочни платни налози, писмено опоменати се единаесет возачи, откриени се 46 останати прекршоци, издадени се 19 прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози.
Од вкупно контролирани 180 возачи од страна на полициски службеници кај 18 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Од сообраќај се исклучени 18 возачи, времено се одземени 17 возачки дозволи, издадени се 18 мандатни платни налози, откриени се 55 останати прекршоци за кои се издадени 40 мандатни платни налози и 15 прекршочни платни налози.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.