петок, 27 ноември 2026
Најново

Засилени контроли за боледувања: ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месеци

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сомнежите за злоупотреба на боледувањата го натераа Фондот за здравствено осигурување да разгледа измени во правилникот. Директорот на Фондот, Сашо Клековски, вели дека контролите во институциите се интензивирани, односно се двојно зголемени во споредба со минатата година, а најголемо барање имало од Министерството за одбрана.

„Контролите за нас се исто така поука каде има недостатоци во системот, продолжуваме и оваа година, сега имаме големо барање од Министерството за одбрана за контроли во ова министерство. Продолжуваме со контроли и го систематизираме проблемот“, изјави Клековски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Клековски вели дека се прават анализи што треба да се подобри во оваа насок и информира дека е формирана работна група за измена на правилникот за боледувања и дека се во консултации со матичните лекари.

„Целта на измените во боледувањето не е скратување на оправданите барања, туку прекинување на злоупотребите, за да се остави простор за оние кои навистина имаат потреба. Потребна е и дигитализација на процесот за ефикасност и транспарентност“, изјави Клековски.

Од Фондот информираат дека се размислува породилното отсуство да се продолжи на 12 месеци, како во некои земји од регионот, но претходно треба да се разгледаат финансиските анализи, бидејќи породилното отсуство се исплаќа со 100% надомест.

Што се однесува до доцнењата со исплатите, директорот Клековски им се извини на родилките и рече дека се обидуваат да најдат решение за стандардизација на пресметките, бидејќи тие во моментов се прават рачно.

Поврзани вести