Засилување на линиите 28 и 69 за празниците Св. Петка и Св. Пантелејмон

Дополнителни автобуси на линиите 28 и 69 за празниците Св. Петка и Св. Пантелејмон
Заради верските празници Св.Петка и Св.Пантелејмон, ЈСП „Скопје” на 8 и 9 август покрај редовните ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 28 и 69, согласно со термините од важечкиот летен возен ред.
В четврток на линијата 28, дополнителен автобус од Тафталиџе 2 ќе сообраќа во терминот од 16 часот, а од Македонско село во 19.30 часот. Наредниот ден, петок 9 август, дополнителен автобус на линија 28, од Тафталиџе 2 ќе има во 7.50 часот, а од Македонско село во 12.30 часот.
На линија 69, в четврток дополнителен термин од Транспортен центар ќе има во 5.45 часот и во 15.30 часот, а од Дивље во 6.50 часот и во 20 часот.
Како што соопшти ЈСП, вонредните дополнителни поаѓања се воведени на барање на црковниот одбор на „Св.Петка” и на манастирот „Св.вмч.Пантелејмон”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.