Застрашувачки бројки од САД: 35.549 нови случаи на корона се пријавени за еден ден

Центрите за контрола и превенција на болести на САД  во понеделникот објавија 35.549 нови случаи на коронавирус, како и 510 смртни случаи од ковид-19. 

Вкупниот број на пациенти во Соединетите држави сега изнесува 6.503.030, од ​​кои 193.705 биле фатални, пренесува Ројтерс. 

Податоците за центрите не ги одразуваат случаите пријавени од одделни држави.

Пронајдете не на следниве мрежи: