Центрите за контрола и превенција на болести на САД во понеделникот објавија 35.549 нови случаи на коронавирус, како и 510 смртни случаи од ковид-19.
Вкупниот број на пациенти во Соединетите држави сега изнесува 6.503.030, од кои 193.705 биле фатални, пренесува Ројтерс.
Податоците за центрите не ги одразуваат случаите пријавени од одделни држави.






