Застрашувачки бројки од Свети Николе, за само една недела над 100 нови случаеви на Ковид-19

По вчерашните 27 лица позитивни со ковид-19 и денешните 9 позитивна лица бројката во Свети Николе за само една недела надмина 100 позитивни лица на вирусот и моментално бројката на активни случаеви е 143 лица.

„Сите нови случаи се лица вработени во модната конфекција или членови на семејствата. Новите случаи се од 630-те вработени во конфекцијата, кои сите беа тестирани по барање на менаџментот“, велат од Центарот за Јавно здравје Велес, подрачна единица Свети Николе.

Раководството минатата седмица ја затвори конфекцијата и таа сѐ уште не работи. Од завчера, дел од пациентите од Свети Николе заразени со ковид-19 почнаа да ги прифаќаат на  Инфективното одделение од Велешката болница, оти слободни места на Инфективна клиника во Штип повеќе нема.

Инфективното одделение во Велес располага со капацитет од 30 кревети, од кои во моментов веќе 16 се искористени.

Дали Велешката болница ќе има капацитет да ги смести новозаболените лица од Свети Николе, доколку продолжи овој тренд на позитивни случаеви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.