Канцеларијата на обвинителот на округот Лос Анџелес објави нови детали за случајот против американскиот пејач Д4вда, обвинет за убиство на 14-годишната Селесте Ривас Хернандез.
Обвинителите велат дека Дејвид Ентони Бурк, познат под името Д4вд, минатата недела бил обвинет за убиство од прв степен, сексуален однос со лице под 14 години и осакатување на човечки остатоци. Според овие обвинувања, тој знаел дека Селесте Ривас Хернандез е малолетничка додека тој продолжил да има сексуални односи со неа.
Обвинителството тврди дека на 23 април минатата година, тој ја однел девојката со „Убер“ до куќата што ја изнајмил во Холивуд Хилс, откако таа наводно му се заканила дека ќе открие информации за нивната врска и со тоа ќе му ја уништи кариерата.
„Знаејќи дека морал да ја замолчи жртвата пред таа да му ја уништи музичката кариера, многу брзо по нејзиното пристигнување во неговиот дом, обвинетиот ја избодел жртвата неколку пати и стоел таму додека таа крварела. Во ниту еден момент не ја повикал полицијата ниту ја однел во итната помош за да се обиде да ѝ го спаси животот“, се наведува во судските документи.
Потоа се обидел да ги прикрие трагите, отпатувал во Санта Барбара за да отстрани докази, нарачал лопата, две моторни пили, вреќа за тела, вреќи за перење, надувувачки базен и таканаречен „кафез за горење“ (кафез или сад за горење, кој вообичаено е наменет за безбедно и ефикасно горење на отпад од дворот) под лажното име Викторија Мендез. Обвинителите тврдат дека го распарчил телото во гаражата и ги ставил деловите во предниот багажник на својот автомобил, каде што подоцна биле пронајдени остатоците.
Исто така, беше наведено дека Д4вд ја запознал Селест во 2021 година, кога таа имала 11 години, и дека тие почнале да имаат сексуални односи во ноември 2023 година, кога таа имала 13, а тој 18 години. Одбраната ги отфрли сите точки од обвинението и побара прелиминарниот поднесок да биде запечатен, но судот го одби тоа. Следното рочиште е закажано за 12 мај.
The post Застрашувачки детали од убиството на 14-годишно девојче за кое е обвинет пејачот: Користел моторни пили и кафез за да ја запали appeared first on Во Центар.



