Жителите на Бејрут останаа во шок кога две моќни експлозии ја потресоа либанската престолнина. Според првите информации, загинале најмалку 10 лица.
Инцидентот се случил во пристаништето, а официјалната причина за несреќата сè уште не е позната. Според првите информации, пожарот, наводно, го зафатил магацинот со пиротехнички средства, по што се случила експлозија.
Граѓаните се во шок, а видеата што кружат на интернет се застрапувачки, луѓе облиени со крв и избезумено шетаат по улиците.





