Затворена границата со Мексико, цела Калифорнија е во карантин

Вашингтон денеска објави дека исто како границата со Канада ќе се затвори и границата со Мексико, во напод да се заузда ширењето на КОРОНАВИРУСОТ.

„Соединетите држави и Мексико решија да ги забранат патувањата што не се неопходно потребни преку нашата заедничка граница“, изјави Државниот секретар Мајк Помпео.

Ова не се однесува на трговијата туку на слободното движење на луѓето. И ќе трае најмалку 30 дена.

Гувернерот на Калифорнија во четвртокот донесе мерка со која ја стави во карантин целата држава.

Прочитајте и ова на иста тема:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.