„Затвореник број P01135809“ Трамп уапсен, па пуштен со кауција! Ова е неговата полициска фотографија!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше накратко уапсен во затвор во Атланта поради лобирање за изборите во 2020 година во американската држава Џорџија, но набрзо беше ослободен со кауција.

„Затвореник број P01135809“ Трамп уапсен, па пуштен со кауција! Ова е неговата полициска фотографија!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп им се предаде на властите во затвор во Џорџија, каде што беше приведен и внесен во полициска евиденција под обвинение дека планирал да ја „прекине“ волјата на гласачите во таа сојузна држава на претседателските избори во 2020 година, на кои загуби на актуелниот претседател Џо Бајден.

Трамп, кој е наведен како затвореник со број P01135809, е ослободен по 20 минути во затвор со кауција од 200.000 долари, пишува Ројтерс, цитирајќи податоци од затворот во округот Фултон.

Во текот на постапката тој влезе во историјата како првиот поранешен претседател на САД кој се појавил на полициска фотографија. Тој не бил фотографиран во претходните три случаи, пренесува Voice of America.

Неговите адвокати и обвинители веќе се согласија на обврзница од 200.000 долари, заедно со услови кои вклучуваат забрана на поранешниот претседател да заплашува други обвинети, сведоци или жртви, вклучително и на социјалните мрежи.

Тој се обрати на новинарите на аеродромот во Атланта, пред да се врати во својот голф клуб во Њу Џерси, повтори дека обвинувањата се политички мотивирани.

  • Она што се случи овде е изопачување на правдата. Не згрешив ништо и сите го знаат тоа… Имаме целосно право да оспоруваме избори за кои мислиме дека се нефер – рече Трамп и тврди дека обвиненијата против него се мешање во изборите.

Десетици поддржувачи на Трамп се собраа пред затворот во округот Атланта, вклучувајќи ја и членката на Претставничкиот дом на Џорџија, Марџори Тејлор Грин.

Претходно, неговиот поранешен шеф на кабинет, Марк Медоус , кој исто така беше обвинет во истиот случај, се предаде во четвртокот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.