Затвореник во КПД Штип си дилал МАРИХУАНА, заработи кривична

СВР Штип поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.С. од Кочани, осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Затвореникот во КПД- Штип, појаснија денеска од МВР, во текот на јануари 2019 година од непознато лице во КПД-Штип набавил марихуана, ја препакувал во десет најлонски ќеси и заради продажба ја држел во ќелијата во која престојувал, а во која на 11.01.2019 при претрес од страна на затворските чувари истата му била пронајдена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.