Затвореникот од затворот во францускиот департмант Норд го кренал во воздух ѕидот од ќелијата и земал пет припадници на персоналот, пренесуваат француските медиуми.Напуштајќи ја територијата на затворот, престапникот ослободил четворица заложници, и побегнал со автомобил и уште еден заложник. Доаѓајќи во месноста Роншен, затвореникот го фрлил автомобилот во бездна и го запалил, земајќи друго возило.„Сето се случи многу брзо. Според се` судејќи, бегството било многу добро организирано. Во моментов се обидуваме да ја составиме целата слика на она што се случи“, изјавил за порталот 20minutes.fr неименуван функционер на префектурата.Во потрагата по избеганиот затвореник е ангажиран хеликоптер.Затвореникот Редоан Феид уапсен во јуни 2011 година во близината на Лил, под обвинет за организатор на вооружен грабеж во кој загинал полицаец во јули 2010 година утрото бил посетен од неговата сопруга.Според затворски извори, при бегството одекнале пет експлозии и причинета е поголема материјална штета а бегалецот уште е вооружен со експлозив.
МакфаксЗатвореникот од затворот во францускиот департмант Норд го кренал во воздух ѕидот од ќелијата и земал пет припадници н