Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си, вратен во затворот во Прилеп

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска казна, а бил пуштен на викенд-отсуство, повторно е приведен откако бил пријавен дека физички ја нападнал својата 67-годишна мајка.

Според СВР Охрид, С.Ѓ. (46) бил лишен од слобода синоќа во 22:40 часот.

Претходно било пријавено дека околу 21 часот физички ја нападнал мајка си и фрлал тврди предмети кон домот.

Тој бил приведен во полициска станица, по што ќе биде спроведен назад во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, каде што ја издржувал затворската казна.

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: