Затвореник од Идризово лажирал дека има температура од коронавирус откако намерно го јадел ова

Три лица кои се екстрадирани по претходно објавена потреница, заршија во карантински затвор на државната клиника во Скопје, објави ТВ 21.
Еден од нив е од Загреб и се вратил со авион на Визаир, направен му е тест на аеродром и тој е негативен на коронавирус другиот пак е екстрадиран од Грција. Ќе останат 14 дена во карантин, а потоа ќе бидат пренесени во затворот „Идризово“.
„Ги чуваме во самоизолација 14 дена, ги пријавуваме во Јавно здравје и се следи здравјето постојано на новодојдените затвореници. По 14 дена во соработка со Здравствен дом и Јавно здравје ги вклопуваме заедно со останатите затвореници“, вели Боби Мојсовски.

Масовна тепачка во Кучевиште, двајца пренесени во болница

Затвореници во „Идризово“ ја искористувале пандемијата на коронавиурс за олеснување на нивната положба. Па така еден затвореник од Гостивар, јадел живи компири за да има покачена температура. Тоа и му успеално, добил покачена температура, докторите му направиле и тест за коронавирус кој истиот бил негативен, но сепак ќе остане во самоизолација, а медицинските лица подоцна ја откриле и причината за покачената температура.
Во затворот донесена е и забрана за посети, а укинати се и слободните викенди. Зголемено е нивото на хигиена, набавени се средства за дезинфекција.
„Во неколку наврати ние сами купивме, но благодарение на Црвен крст и Алкалоуд добивме една поголема количина на средства и маски. Навистина имаме доволно во овие моменти и дезинфекцијата ја вршиме редовно“, додава Мојсовски.


Во другата казненопоправна установа во Шутка речиси идентично се спроведуваат процедурите. За сите затвореници кои по смртта на притвореникот се тестирани, резултатите ќе пристигнат во понеделник или вторник.
Лекарите редовно ги контролираат затворениците, а има и некои кои имаат покачена температура, но директорот на затворот вели дека утврдено е дека станува збор за обичен грип.
Информациите дека починал уште еден затвореник во затворот ги нарекоа лажни вести, а највуваат и тужба за интернет порталот.
Според податоци од 2019 година во Македонија најголем број „жители“ има во затворот Идризово, вкупно 1.134 осудени лица, а во Истражниот затвор во Шутка има 108 осудени лица и 270 притворени лица.

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.