Затворени 12 фарми во Србија

Ветеринарните инспектори во Србија при вонредна контрола затворија 12 фарми од кои се откупува сурово млеко поради поголема концентрација на афлатоксин од предвиденото.Министерството за земјоделие најави дека ќе и предложи на српската влада мерки за надокнадување на штетите на млекарите.Притоа се предвидува на фармите кои ќе бидат исклучени од откупните линии да им се подели пченка од стоковните резерви и тоа 300 кг. по грло на молзна крава, како и соодветна количина на зеолит со цел да се подобри квалитетот на сточната храна во фармите.Министерството ќе предложи на фармерите да им се признае правото на субвенции по предаден литар без оглед дали млекото ќе оди во производство или ќе биде отстрането.
МакфаксВетеринарните инспектори во Србија при вонредна контрола затворија 12 фарми од кои се откупува сурово млеко пора

Пронајдете не на следниве мрежи: