Затворен патот Кочани-Штип, сообраќајка меѓу три возила

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на експресниот пат Кочани-Штип во близина на село Тракање. Според првичните информации несреќата се случила меѓу три возила. Како што велат надлежните од СВР-Штип, има и повредени лица, но во моментов не се знае со какви повреди се.

Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на истражните органи, а патот е затворен за сообраќај. Возилата се пренасочуваат кон регионалниот пат Кочани-Штип.

Според АМСМ експресниот пат Кочани-Штип е затворен од 19.10 час

Пронајдете не на следниве мрежи: