Затвор и забрана за влез во „Зара“ за девојка која постојано враќала облека

Tриесет и двегодишната Таниа М.А. од Сарагоса, Шпанија, доби доживотна забрана за влез во сите продавници на „Зара“ во шпанскиот регион Арагон.
Младата Шпанка е осудена и на шест месеци затвор, а казните ѝ следуваат поради злоупотреба на правата за враќање на стоката.
Таниа ќе купела неколку парчиња, после некое време ги симнувала етикетите од новата облека и ги ставала на старата облека од „Зара“, а потоа барала враќање на парите, под изговор дека облеката не ѝ одговара. Со тек на време, таа им станала сомнителна на продавачите, по што ја сфатиле нејзината измама, која траела 15 месеци.


Фактот дека и внатрешните и надворешните ознаки и етикети соодветствувале и беа прецизно поставени на облеката во слична нијанса, покажува дека тактиката и желбата да профитира биле тенденциозни со цел да го опреми целиот гардеробер, а за тоа да не мора да плати ништо, напротив, дури и да добие средства, пишуваат локалните медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.